Народна Банка на РМ - Конференциска сала

Проект Народна Банка на РМ

Конечен резултат на овој проект е конференциска и презентациска сала во Народната Банка на РМ изведена според современите потреби на една ваква реномирана институција. Системот е предвиден за повеќенаменска употреба, конференции, презентации и едукативни потреби на Народната Банка во нејзиното секојдневно работење. Системот е составен од високо софистициран 54 канален дигитален конференциски систем со превод на 4 јазици, 5 делегатски места, говорница со микрофони, видео конференциски автоматски подвижни камери, моторизирано и елегантно платно за проекција и систем за општо озвучување.
При реализација употребени се системи и компоненти од врвни производители на споменатиот тип на опрема, за кој ВИСИОН е овластен и авторизиран застапник за Македонија.
За реализација на конференцискиот систем е користена опрема од познатиот германски производител Beyerdynamic, и тоа еден од најсофистицираните, најмодерни и најробустни системи во светот. За реализација на системот за видео проекција, поставено е софистицирано и моторизирано платно со висок квалитет и перформанси од врвниот австриски производител AVStumplf. При поставување на аудио/видео инфраструктурата употребени се компоненти од производителот Extron Electronics USA,гигант и пионер во индустријата за овој тип опрема.


Beyerdynamic MCS-D200 Дигитален конференциски систем


Комплетно дигитален, жичаниот конференциски систем MCS-D 200 е дизајниран за да ги задоволи барањата за најсовремени конференциски решенија. MCS-D 200 може да се користи како едноставен конференциски систем или како систем за комплексни инсталации во парламенти и државни институции. Системот има стандардни единици и единици по нарачка, вклучувајќи превод, автоматска контрола на систем со видео камера, електорнско гласање и едноставна контрола со максимално ниво на оперативна доверливост во работата.
Системот е базиран на NetRateBus магистрална патентирана технологија која носи 54 дигитални аудио канали во CD аудио квалитет и контролни податоци, едноставно и редундантно каблирање, мултисесиско работење - повеќе различни конференции во исто време со само еден систем, слобода на топологијата на поврзување.

 

Extron Electronics Пневматски приклучни кутии

Extron (HSA) производите се идеални архитектонски ентериерни решенија за монтирање во маса, кои обезбедуваат дискретен и елегантен пристап до аудио/видео/мрежни/шуко приклучни точки.  Дизајнирани се за лесно монтирање  во скоро секој тип на маса и се идеални за прикривање на каблирање.
Изработени се во робустна алуминска шасија со квалитетен пневматски механизам за затворање и отворање.
Од тип на конеции, можни се различни конфигурации. На располагање се шуко приклочоци за електрично напојување, компјутерска мрежа, приклучок за VGA сингнал, приклучок за стерео аудио. Може да биде вклучен и екстендер за засилување на видео сигналот за поврзување на поголеми растојанија.
Extron HSA е вистински избора за еднен современ инсталиран AV систем.

 

AVStumpfl Проекциони платна

Фирмата AVStumpfl е основана во Австрија, од еден ентузијаст, господинот Реинхолд Штумпфл, пред околу 35 години. Неговата работа до сега покажува дека страста и посветеноста во работењето може да доведе до висок квалитет, и производ кој е врвен и водечки на пазарот.